Почна ревизијата на учебниците? – Историја за 7 одделение повторно на удар

Министерството за образование ќе ја проверува содржината на учебникот по Историја за седмо одделение бидејќи во него пишувало факти кои не соодвествувале со научната реалност. Токму, за тоа, на адреса на МОН стигнале повеќе претставки, па министерот решил да формира Комисија која ќе ги анализира лекциите и ќе утврди кои се тие неточни податоци и информации.

Доколку Комисијата утврди дека претставките се основани, има законски рок од 10 дена до министерот да достави предлог за повлекување на учебникот.  

Алфа телевизија праша во министерството за образование, колку претставки стигнале до нив, од кого, на што точно се однесуваат и кои се членовите во Комисијата која ќе одлучува по нив. Од таму засега единствено знаеме дека интересот на медиумите бил голем па подготвувале одговор.

Ова не е прв пат учебникот по историја за седмо одделение кој го опфаќа средниот век да биде ставен на маса и да се зборува за негови промени. Македонија до учебната 2024/25 година ќе мора да ги отстрани деловите кои му сметат на источниот сосед, а за кои Мешовитата историска комисија постигна договор.

Лекциите за Букурешкиот мировен договор, положбата на Македонците во Бугарија, Антифашистичкиот отпор, Балканските војни, историските факти кои се однесуваат на Цар Самоил се само мал дел од она што Македонија ќе треба да го промени во учебниците по Историја за седмоодоленците согласно протоколот кој го потпишавме со Бугарија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста