
Почна исплатата на септемвриските пензии зголемени за 5,3%. Најмалку пари за оние со најниска пензија
Ни 700 денари нема да добијат покачување корисниците на најниската пензија во Македонија . Од денеска на сметките на пензионерите треба да легне повисока пензија за 5.3 отсто. Ова значи ако на пример пензионерот добива 12.500 денари месечен приход колку што е најнискиот праг во државава покачувањето ќе му биде 662 денари и новата пензија ќе е 13.162 денари. Пензија до 13.000 земаат најголем дел од пензионерите во Македонија или 97 илјади.
Износ пред покачување покачување износ со покачување
12.500 денари 662,5 денари 13.162.5 денари
16. 958 денари 898, 774 денари 17.856, 774 денари
20.568 денари 1090 денари 21.658 денари
23.000 денари 1219 денари 24.219 денари
27.064 денари 1434,392 денари 28.498,392 денари
Оние кои земаат просечна инвалидска пензија во износ од околу 17 илјади ќе добијат речиси 900 денари покачување. Малку повисок износ на сметките ќе добие за онаа категорија на пензионери кои добиваат над 22 илјади денари, односно по околу 1000 денари. Што значи дека ако пензионер зема просечна воена пензија на пример од 27 илјади денари со новиот износ ќе добие нешто над 1400 денари покачување , односно пензијата ќе биде 28 500 денари.
Оваа проста математика , покажува дека падна во вода и проекцијата и ветувањата на Тренчевска дека најмалку за 6 отсто ќе биде покачувањето од септември .
6 отсто, велиме најмалку , може да бидеи повеќе зависи од статистика , рече Тренчевска на 16.08
Пензионерите незадовлни од мизерно ниските пензии со денови на улица бараат пкачување . Тие бараат линерно покачување од 3.500 денари , или минимална пензија од 18. Илјади денари. Најновото покачување не им го смирува револтот .
Пензијата согласно новата Методологија, се усогласува на 1 март и на 1 септември секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени. Со оваа исплата и нема веќе предвремена исплата на пензии.
Додека пензиите се покачуваат за само 5.3%, според последните податоци инфлацијата надмина 8.3%.
Кристина Алексиеска