НАЈНОВИ ВЕСТИ

Почна жетвата на јачменот, приносите помали од очекуваното

Првите жнеења на јачменот во штипско, не го дадоа посакуваниот род. Стојко Филипов од Аргулица ги ожнеа своите ниви. Од еден декар успеа да извади едвај 250 до 300кг. Вели земјоделците почнаа да го плаќат данокот на сушата. 

„Немаше дождови. Фати само еден дожд. Само што почна да се почна да расте. Тие што фрлија повеќе ѓубре, им изгоре, а тие пак што не фрлија не почна да им расте како што треба. И кога ќе видеш никако не бива„ вели Стојко Филипо од с. Аргулица.

Доплнително високите цени на нафтата и ѓубривата, ја проголта маката на земјоделецот. Според нивните математики за 40% им е зголемени давачките околу подготовката и одржувањето на посеаните ниви.. 

„Лани најскапото ѓубре беше 1000денари, а сега најскапото е 3200„ вели друг земјоделец

„Нафтата 110денари, комбајнот за  жетвата ќе не чи 1000денари  од декар. Од хектар ќе ни требат 10.000. Кој земјоделец може тоа да го издржи?„ вели земјоделци од Карбинско.

Земјоделците сметаат дека секоја цена на житните култури под 20 до 25 денари е несиплатлива за нив..

„Лани јачменот се продаваше по 10 до 12денари. Сега не знам колку ќе биде, но испод 20 до 25 денари не смее да биде поевтино„ објаснува земјоделец од карбинско.

Уште поголемо разочарување ќе има кај земјоделците од карбинско кои произведуваат пченица. Според нивните калкулации едвај би извадиле од 100 до 150 килограми од декар.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста