Почна бербата на грозјето, винариите очекуваат добар пласман

Почна бербата на првото количество грозје од сортите Мускат, Темјаника, Шардоне и Бургундец од Тиквешкото виногорје. Само денеска винаријата Сковин очекува да преработи над 150 тони грозје, а за целата откупна сезона, според планот, бројката би била далеку поголема. Иако поради лошата година родот е драстично намален, винарите сметаат дека квалитетот на грозјето ќе се задржи.

Главниот енолог во визбата за Алфа рече дека цените на грозјето, најверојатно ќе се откупуваат како минатогодишните, и се надеваат на добра година, со цел да се задоволат лозарите и да може да се валоризира нивниот труд, но и квалитетот на грозјето да го задоволи странскиот пазари.

Надлежните се свесни дека имало тешка година за лозарството, но велат, со добар тим и технологија ќе нема недостиг на грозје. А квалитетот на вината се повеќе се потврдува на меѓународниот пазар. Цената на наливното вино најверојатно ќе остане на минатогодишното ниво.

Борис Грујоски