Почнат увидот за утврдување на причините за пожарот во Тетово

На местото на големиот пожар што се случи во Тетово во понеделникот денес во 10 часот започна увид за да се утврдат причините.  Според брифингот од Обвинителството дадени се наредби на експерти од повеќе области при Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења во МВР да почнат со утврдувањето од каде и како започнал пожарот. Тоа може да трае и повеќе денови, потенцираа од Обвинителството.

Од друга страна градоначалникот на Тетово Биљал Касами откако општинскиот кризен штаб испрати неколку барања до Владата, нема одговор за соработка, а особено за тоа дали работи и дали се исправни податоците за квалитет на воздухот преку мерната станица на Минситерството за животна средина, со оглед на непријатната миризба што се постојано се чувствува деновиве.

Според информациите што ги имам од кризниот штаб после згаснување на пожарот 24 часа требало противпожарната единица и полицијата да го обезбедат местото и во тоа време да излезе обвинителството.Немам информации дали е направен увидот и кои се првичните информации, утре имаме следна седница на локалниот кризен штаб каде ќе се информираме за сите овие работи рече Биљал Касами.

Градоначалникот вели дека општината сама ќе се справува со проблемите на пожарникарите кои останаа без дел од својата опрема при гасење на пожарот.

Капацитетите на општината се овие, во оваа ситуација во која ја најдовме општина. Ние работиме интензивно да ги зголемиме капацитетите. Но сепак во вакви екстермни ситуации мора да има блиска соработка со Владата која еве и во делот на справување со последиците н пожарот немаме за жал сериозна соработка вели Биљал Касами.

Општината побара да го добие еден од двата мобилни уреди за квалитетот на воздухот. 

Александар Самарџиев

Поврзани вести