Почнаа теренски активности на коридорот 8, главниот донатор на ДУИ. Фирмата „Еуровиа“ избрана за подизведувач на „Бехтел и Енка“?

По шест месеци од потпишување на договорот,  три  пати најава за старт на изградба , низа неодговорени прашања и потрошени милиони, конечно се виде некаква активност на коридорите  . Со минирање во околината на селото Горна Баница започна изградбата на Коридор 8  . Шарената експлозија одекна за да се ископа материјал за градење на најтешката делница од 36 километри Гостивар  Букојчани . Копчето за минирање го притиснаа првиот вицепремиер Артан Груби, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски , директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми и американската амбасадорка Ангела Агелер .

Груби своето обраќање го претвори во оглас за работа, ги повика луѓето да се пријават да работат на коридорите. Во моментов недостигаат  работници, потреби се 2,000 , а досега има одбрано само 300,. Тој целосно се огради од изборот на подизведувачите . Претставниците од Бехтел и Енка не знаеја да одговорат на прашањето дали компанијата „ Еуровиа “ е една од 36-те  избрани македонски фирми .

Ниту Владата, ниту која било политичка партија или министер, не си дозволува, нема право, не смее и нема можност да влијае врз изборот на подизведувачи. Тоа го прави „Бехтел и Енка“. Нивна одговорност е да го изградат патот, но и кого да изберат, зашто ако не го изградат патот ќе сносат одговорност, и тие и подизведувачите, истакна Груби

„Досега имаме 37 подизведувачи, 36 од нив се македонски компании. Ќе има уште многу како што ќе напредуваме со работата и навистина се радуваме што ќе можеме да работиме со локалните подизведувачи. Тоа се поединечни подизведувачи, ќе видите различни камиони. Ние следиме меѓународен стандард за ангажирање подизведувачи, бараме квалификувани понудувачи со понуди кои ги ревидираме технички и го ангажираме најдобриот понудувач“,  рече Џошуа Бејкер – проектен менаџер

176 или 179 милиони евра досега се одлеале од државната каса кон американско – турскиот конзорциум . Директорот на на државни патишта не ја знаеше точната сума која ја платиле на Бехтел и Енка ,ама  уверува дека работите биле почнати со потпишување на договорот

На денешната свеченост присуствуваше и американската амбасадорка Ангела Агелер  , која ја изрази поддршката за побрза изградба на коридорите

„Сите ние минавме низ овој мал кривулест пат за да стигнеме до тука и верувам како и многу граѓани на оваа земја, ќе имаме нов, убав, широк пат по кој ќе може да се вози и благодарна сум што работите се придвижија “, рече американската амбасадорка Ангела Агелер.

Патот на коридорите го следат низа контроверзи и скандали . Од изборот на компании кои ќе го вршат надзорот, за што предмет има во Обвинителство , смена на закони по брза постапка, отворен предмет на Уставен суд и договор на 400тини страници кој е скриен од јавноста . Проектот треба да чини 1.3 милијарди евра ,а крајниот рок за изградба е 4 години и 7 месеци.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста