Почина уште едно новороденче во болницата во Битола
Во текот на вчерашниот ден уште едно бебе починало во болницата во Битола, по изведен царски рез.Станува збор за четврта бременост на млада мајка на возраст од 21 година, која до 7 месец не била во Македонија и немала контролирана бременост, а според директорката Ивановска и третото бебе на родилката починало на сличен начин.-Бебето е родено со цезареа, немалтретирано. Породувањето е направено поради вишок на плодова вода и извадено е бебето без знаци на живот, без срцева акција. Деведесет проценти се работи за некоја аномалија зашто на ист начин е починато и претходното бебе, изјави директорката на болницата во Битола Елизабета Ивановска.Ова е втор пат бебе да почине во оваа болница за краток временски период од неколку месеци. Претходната смрт на новороденчето на родилката Викторија Крстевска уште е под неразјаснети околности и се чека јавнообвинителска одлука како ќе се процесуира тој случај. Инспекцијата од Министерството за здравство во случајот со починатото бебе на Крстевска утврдила пропусти, тврдеше нејзиниот адвокат Јанаки Митревски. Еден од нив е неблаговременото пристапување кон царски рез.