});

Почина славниот италијански режисер Бернардо Бертолучи

Славниот италијански режисер Бернардо Бертолучи почина на 77-годишна возраст.

Роден е во италијанскиот град Парма, во уметничко семејство – татко му Атилио бил пејач и ценет историчар на уметност и филмски критичар. На 15-годишна возраст талентираното момче почнало да пишува па добил и бројни награди за литература, пред да заплови во водите на филмот.

Бертолучи е познат по филмските класици „Последното танго во Париз“, „Конформист“, „Малиот Буда“, „Украдена убавина“, а за „Последниот император“ во 1987 година доби и „Оскар“ за најдобра режија.