Почина младиот Кико – тажен крај на уште еден случај кој ја отсликува катастрофалната состојба на здравството

Срцето на малиот Кико не издржа. Тој ја изгуби битката и почина, иако за него беа собрани парите за лекување во Турција. Малиот борец не издржа да замине за странство да се лекува од ретката болест од која боледуваше.

Неговата здраствена состојба нагло се влоши пред два дена кога во приватна болница му откажа дишењето и беше ставен на апарати. Иако после неколку часа се почувствува подобро, сепак не можеше да го поднесе големиот товар.

Претходно, докторите одбиваа да потпишат трансфер за момчето со медицински авион, бидејќи, сметаа дека нема да го издржи патот.

Инаку долго време, младиот Кристијан Коцев се бореше за живот и се молеше за помош – државата не мрдна со прст.

Кико имаше ретка болест, а за неговото лекување хуманите граѓани собраа 50.000 евра.

Но каде се здравствените власти и Фондот за здравствено осигурување? Зошто досега не понудија каква било помош – од ресорното министерство, како по обичај молк. Од ФЗОМ рекоа дека немало барање за лекување во странство.

  • За осигуреникот Кристијан Коцев нема поднесено барање за лекување во странство во ФЗОРСМ.Постапката за упатување на лекување во странство се поведува по барање на осигуреното лице”, велат за Алфа од ФЗОМ.

Младиот Кико кој ја изгуби битката не е единствен случај. Дека државата ги заборава пацинетите со ретки болести говорат и фактите. Изминатите години починаа неколкумина со ретки дијагнози.

Благојче Илиевски, кој речиси две години добиваше уверувања дека ќе го добие лекот за цистична фиброза – трифакта, ја изгуби битката со болеста.

И Јана Арсовска со редок тип на рак, не издржа – чекајќи ФЗОМ да и одобри парични средства за лекување во странство.

Тамара од Велес, девојчето кое имаше искривен ‘рбет почина чекајќи државата да и одобри операција во странство.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести