Почина градоначалникот на Охрид

Утрово почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски на возраст од 48 години.

Тој немал никакви здравствени проблеми. Според првичните, неофицијални информации, тој починал од инфаркт, додека го транспортирале од општата болница во Охрид до Кардиолошкиот завод.

Стојановски раководеше со општина Охрид година и пол.