Почина градоначалникот на Охрид: Ненадејната смрт на 48 годишниот Јован Стојановски ги потресе градот и државата

Шок и неверување,веста за ненадејната смрт на таткото на градот утринава ја вознемири и потресе охридската јавност. Во 48-та година од животот почина професор доктор Јован Стојаноски, кој работниот век го помина посветувајќи им се на студентите, а последната година од своето за жал кусо битусување ја обавуваше функцијата градоначалник.

За трогателната вест, нема информација од охридската опша болница, како што неофицијално дознаваме причина за смртта е масивен инфаркт.Утрово, околку 11 часот градоначалникот Стојаноски дошол во општинската  зграда на закажаниот состанок со директорите и раководителите на јавните претријатија.Во еден момент се пожалил дека не се чувствува добро и веднаш бил однесен на интерното оделение во охридската болница. Во кусото соопштение од оштината стои дека претпладнево, ненадејно во возило на брза помош, на пат кон  „Кардиолошки завод“ – Охрид, градочалникот починал. 

Утре,Советот на Општина Охрид ќе одржи вонредна седница, а в понеделник во големата сала на општинската зграда во 10 часот ќе се одржи комеморативна седница.

Проф. д-р Јован Стојаноски е роден во Охрид, на 07.08.1970 година. Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методи“ во Скопје. Во 1999 станува Магистер по маркетинг, а во 2003 година Доктор по меѓународен туризам и маркетинг менаџмент. Стојаноски е долгогодишен професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид и член на СДСМ. Беше носител на советничката листа на локалните избори во 2013-та година, а во 2017 година беше избран за градоначалник на Општина Охрид од редовите на СДСМ. Беше оженет и татко на две деца.

ГрадоначаникотСтојаноски ќе биде погребан в понеделник.

Росица Голабоска