Почина Британската кралица Елизабета Втора

На 96 годишна возраст  почина Британската кралица Елизабета Втора . Веста за смртта на најдолготрајниот британски монарх ја соопшти  Бакингемската палата.  Британското знаме на врвот на Бакингамската палата беше спуштено на половина копје во 18:30 часот по локално време.

Во текот на денот голем број луѓе се собраа пред Бакингамската палата да и дадат поддршка на кралицата, откако  кралските лекари соопштија дека се загрижени за нејзиното здравје и порачаа дека кралицата мора да биде под медицински надзор.

По смртта на кралицата, нов крал на Британија е принцот Чарлс. Откако Бакингемската палата ја сооппшти веста, од кралското семејство издадоа соопштение во име на кралот Чарлс.

„Длабоко жалиме за смртта на мојата сакана мајка. Знам дека оваа загуба длабоко ќе се почувствува низ целата земја, кралството и Комонвелтот и кај безброј луѓе ширум светот. Во овој период на жалост и промени, моето семејство и јас ќе најдеме утеха во тоа што знаеме колку длабока беше почитта и наклонетоста за кралицата„, се наведува во соопштението од кралот Чарлс Трети.

Владеењето на британската кралица Елизабета втора, траеше седум децении. Таа важеше за најмоќниот британски монарх, покрај тоашто беше кралица на Обединетото кралство таа беше и монарх на 16 земји од британскиот  комонвелт . За тоа време се сменаа и 15 британски премиери, од Винстон Черчил до Лиз Трас, која ја презеде функцијата пред само два дена. 

Новата премиерка на Британија се обрати вечерва пред насобраниот  народ пред резиденцијата во Даунинг стрит и изрази огромно жалење за смртта на кралицата, а својата изјава ја заврши со зборовите „Господе , чувај го кралот “

Нејзинината посветеност на должноста треба да биде пример за сите.  Таа беше сакана и почитувана од сите во Велика Британија и низ целиот свет. Таа беше човек кој беше лична инспирација за мене и за многу луѓе.  Во тешшките денови кои претстојат ние заедно со нашите пријатели  низ Велика Британија и светот ќе ја  славиме нејзината исклучителна посветеност на должноста . Ова е ден на голема загуба. Денес круната преминува на новиот монарх, новата глава на државата , Неговото височество Кралот Чарлс Трети.

Телеграми со сочуство до кралското семејство пристигнуваат од владите од целиот свет. Сочуство изрази и македонскиот преседател Стево Пендаровски

Нејзината доживотна определба да му служи на народот, посветеност и лидерство дури и во најтешките мигови, ќе бидат трајна инспирација за новите генерации, напиша Пендаровски на својата официјална Фејсбук страница.

Велика Британија според претходно подготвениот протокол НАРЕЧЕН  „Лондон Бриџ “ влегува во 10 дневна жалост. Според Протоколот 10 минути по објавување ан веста  сите знамиња на јавните згради во Британија беа спуштени на половина копје.  Протоколот налага во текот на утрешниот ден  Принцот Чарлс официјално да стапи на престолот, а Државниот погреб на кралицата елизабета втора, треба да се одржи на десеттиот ден по смртта.