Почина актерот Ванчо Петрушевски

Ванчо Петрушевски, еден доајените на македонската глума, почина денеска на 67-годишна возраст. Струен удар е причина за смртта на големиот актер, за пошироката публика незаборавен по улогата на Рамче.

Ванчо Петрушевски е роден на 19 април 1951 во Скопје. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“. Тој учествуваше во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии и слично и зад себе остави големо наследство. Петрушевски беше еден од најпрепознатливите глумци на нашата сцена, кој беше неуморлив и по пензионирањето.

Од „Пресуда“, преку „Диво месо“, па сѐ до „Солунски патрдии“, „Среќна Нова ’49“, „Опстанок“, „Хихируку“, „Погрешно време“, Македонските народни приказни и многу други проекти, Ванчо Петрушевски со секоја нова улога одново и одново ја освојуваше публика. За својата неуморност тој има добиено и голем број награди.