Потрошувачка треска – се пазари во 5 за 12

Сообраќаен хаос, гужви во маркетите и пазарите, граѓаните итаат да ги завршат последните подготовки за новогодишната вечер. Ваква е сликата во главната метропола на последниот ден од новата година.

Поголемиот дел од граѓаните велат дека старата година ќе ја испратат во домашна атмосфера, а на трпеза мора да има месо, сарма и руска салата. Не е многу скапо ако мора да се купи, велат граѓаните пред камерата на Алфа.

Економијата да оди во добар правец, па да имаме подобра и побериќетна година од претходната. Ова се дел од желбите на граѓаните.

Со скромни желби македонските граѓани ја испраќаат 2018 година, а повеќето дома со најблиските ќе и посакаат топло добредојде на 2019, со надеж дека догодина се ќе биде подобро.

Сања Т. Ставров