Потврдена доживотната казна затвор за турските новинари

Суд во Турција ја потврди доживотната казна затвор за истакнатиот новинар Ахмет Алтан и петмина други, кои беа осудени во февруари поради помагање на заговорниците на  пучот во 2016 година.

Ахмет Алтан, неговиот брат Мехмет Алтан, и уште четворица други новинари претходно беа осудени на доживотна казна затвор поради поврзаност со муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за неуспешниот воен удар во 2016 година.

Алтан беше ослободен од затвор во јуни, но неговата пресуда вчера беше потврдена, откако судска комисија го одби барањето на Уставниот суд за негово ослободување.

Сите шестмина ќе отслужат доживотен затвор, што значи немаат право на условно ослободување и не можат да бидат дел од идните одлуки за амнестија.

Мехмет Алтан е професор по економија и политички аналитичар.