НАЈНОВИ ВЕСТИ

После година и половина преговорите за пораст на платите на администрацијата мрднаа од мртва точка

Функционерите да си ги намалат платите и да ги покачат примањата  на работниците , ниту е фер ниту е човечки тие да имаат огромно покачување, а обичниот работник одвај да преживува. Граѓаните револтирани – за функционерите без проблем беа покачени платите за дури 78% а за работниците со месеци не може да се договори ни мало прилагодување поради огромната инфлација.

За пораст на платите на администрацијата, преговорите не мрднаа од мртва точка повеќе од година и половина .  После низа протести и штрајкови , Владата конечно одлучи да направи чекор напред . На последната седница на ЕСС бил прифатен моделот за пресметката на плата во иднина да биде по коефициент на сложеност по просечна плата, што беше барање на синдикатот , вели за Алфа претседателот на конфедерацијата на слободни синдикати , Благоја Ралоски .  Договорено било дека ќе има и К-15 за јавната администрација 

Она за што во понеделник најверојатно ќе се вкрстат ставовите повторно , тоа е процентот за кој до 2025 година треба да се усогласат сите плати во јавниот сектор .

Имаше прилично доближување на ставовите , барањето на синдикатите пресметката во иднина да биде по коефициент на сложеност по просечна плата , колку би растела просечната плата претходната година , секој март да се усогласува , Владата го прифаќа тој наш модел и со тоа решаваме еден голем проблем . Договоривме дека ќе има К- 15 за јавниот сектор, уште не е договорен процентот . Останува она најгорливо ова прашање покачувањето да е од 2028, сега е да биде март 2025, но уште членот 8 тоа е усогласување на платите во јавниот сектор, се обидуваме во кој процент до 2025 треба да се усогласат , рече Ралповски .

Дека е решение на повидок смета и министерот за финансии Фатмир Бесими ..Тој во интервју за државната агенција вели дека имало солидна клима на разговорите , а останувале уште финеси.

Инаку функционерите уверуваат дека ќе си ги намалат платите кога ќе се најдело решението . Тие наводно ќе земале плата по пресметката која ќе биде финален исход од Економско социјалниот совет.

Кристина Алексиеска