Последна недела од кампањата – кандидатите имаат уште пет дена за убедување на гласачите

До петок на полноќ истекува рокот во кој тројцата потенцијални претседателите треба да ги убедат граѓаните дека тие се нивниот вистински избор за позицијата. Трката за претседателската фотеља во Вила Водно влегува во својот финиш. Со набиена агенда Сиљановска, Пендаровски и Река секојдневно со пораки одблиску со граѓаните гарантираат подобар живот ја бараат нивната поддршка. Со пристојно ниво на агитирање, по централни минитинзи и трибини со граѓаните секој влече на своја страна. Сепак не изостануваат и меѓусебните партиски обвинувања за одлуките во минатото.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сиљановска својот акцент го става на штетноста која ја носи Преспанскиот Договор. По стапувањето на функција како претседател доколку ја добие поддршката од народот, ветува враќање на правдата во Македонија но и укинување на сите привилегии на функционерите.

Пендаровски пак не отстапува од патот кој го трасира актуелната власт. Неговите пораки до граѓаните главно се насочени кон евроинтегративниот пат на Македонија. Токму и така ја води кампањата дека тоа единствениот пат за стабилна иднина.

Кандидатот на БЕСА и Алијанса, Блерим Река го застапува концептот на еднакви права за граѓаните. Вели дека неопходно е сите во Републиката да се чувствуваат безбедни, но и дојдено било времето за Албанец претседател.

За прв пат тројцата кандидати излегоа од класичните изборни кампањи, па на социјалните медиуми се организиираат и дополнителни настани каде преку рекреација се обидуваат да ги придобијат симпатиите на гласачите. Од друга страна силен емотивен набој на митинзите на СДСМ. Недвосмислени изливи на приврзаност и поддршка кон Заев и Пендаровски беа забележани уште во првиот ден од кампањата.

Кампањата и агитирањето кај граѓаните за првиот круг од шестите претседателски избори запира до сабота, кога следува изборниот молк. Во недела 1.808.131 избирачи ќе можат да го остварат своето избирачко право и да одлучат кој ќе биде новиот шеф на државата.

Ивана Соколовиќ Најдова