Последната порака на Сала: Авионот ќе се сруши секој момент, не знам дали ќе испратат некого да ме бара…

Британските и француските служби и денеска продолжуваат со потрагата по Емилијано Сала и покрај малата веројатност да преживеал по падот на авионот на пат од Нант кон Кардиф.

Во светските медиуми денеска се појави и последната порака на Сала испратена кон свој близок пријател во Аргентина директно од авионот. Се претпоставува дека пораката е пратена неколку моменти пред авионот комплетно да исчезне од радарот на контролата на летање…

-Мртов сум. Се чувствувам многу уморно. Бев во Нант и правев многу работи, и работи, и работи… Сега одам во Кардиф со авион кој ми се чини дека ќе се сруши секој момент. Утре ќе тренирам со нови соиграчи. Ако не ви се јавам за еден час и половина, не знам дали ќе испратат некого да ме бара… Се плашам, е последната порака на Аргентинецот.

Сала само пред три дена реализираше трансфер од Нант во Кардиф за 17 милиони евра.

Во Велс летал со приватен авион на претседателот на својот нов клуб.