Последен ден дебата околу буџетот 2023 во Собранието

Последен ден расправа околу преобемниот буџет за 2023-та. Пратениците се скараа околу капиталните инвестиции, растот на платите и пензиите, поддршката за општините. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА со критики, бидејќи собранискиот филтер не го поминале амандманите кои се однесуваат на изградба на патишта и капитални објекти во општините кадешто градоначалници се припадници на опозицијата.

Пратениците упатија остри зборови едни кон други и за лошата состојба во здравството, високото ниво на јавен долг, селективното зголемување на платите и растот на пензиите.

Буџетот за наредната година е досега историски најголемиот кој го имала државата. „Тежи“ дури 5,3 милијарди евра. Проширената државна аса е скроена врз основа на проекции за економски раст од 2,9 отсто, буџетски дефицит од 700 милиони евра, инфлација од 7,1% и рекордно ниво на капитални инвестиции од 800 милиони евра.

Тања Попова

Advertisements