Поскапите горива удрија на транспортерите – ќе има ли бран поскапувања?!

Поскапувањето на горивата негативно влијае врз речиси сите сектори во земјава. Транспортерите алармираат дека се пред силен удар, а ако цените продолжат да одат на горе, тешко ќе можат да издржат. Според Билјана Муратовска од Здружението на превозници „Макам-транс“, и сега се возело со загуби, а тоа се одразувало на крајната цена на производите.

Растот на цената на горивата започна со зголемувањето на акцизата, и од тогаш бизнисот почна да трпи загуби.

За стопанствениците проблем е високата цената на горивата, но уште поголем биле административните процедури кои сериозно го забавуваат транспортот.

Литар дизел за 33 денари. Толку би чинело горивото на бензинските пумпи ако од малопродажната цена се одбие заработката на трговците и делот кој оди во буџетот.

Кога точите гориво најголем голем дел од парите одат кај државата. Така во моментов производствената цена на дизелот е 33.4 денари. На ова се додаваат еколошка такса, надоместок за задолжителни нафтени резерви, акциза, трговска маржа. На сето ова се додава и 18% ДДВ со што крајната цената што плаќа купувачот е 62.5 денари по литар.

Борис Грујоски