Поскапен прибор и ранци, но и скапа торта за прваче, родителите тешко ќе го преживеат септември
Уште еден првосептемвриски проблем за родителите. Оние кои веќе ги посетија книжарниците во пресрет на учебната година, негодуваат од високите цени на ранците и приборот. Последнава седмица ваква понуда има и во голем број маркети. Несомнено, секој старт на учебната година носи и дополнителни трошоци за родителите. Најмногу се жалат од цените на ранците и приборот, но, како што велат, дека веќе во првата недела ќе добијат и низа други трошоци околу опрема за физичко, храна, осигурување.

Поскапен школски прибор, тетратки, ранци, фломастери, боици. Нови повисоки цени на почетокот од новата учебна година. Родителите кои веќе ги посетија книжарниците, велат дека е изгор скапо, ама мора да се купи од се по нешто, за успешен старт од новата учебна година. Покрај ранците и приборот, родителите велат дека веќе во првата недела ќе имаат и еден куп други трошоци околу опрема за физичко, храна, осигурување, како и нови патики за децата.
- Па ова е ненормално скапо. Мислам дека од година в година е се поскапо и поскапо. Тешко родители на деца, како ќе издражат, а мора да го издржат, мора да им се купи на децата од се по нешто, сепак за почеток на школска година се работи, велат родители во изјава за Алфа.
Ако се направи една обиколка по книжарниците, може да се види дека се е поскапено. Теткратки за 15, 20, и 30 денари повеќе нема. Сега тетратките се движат од 40 до 80 денари, во зависност од големината.

Повисоки цени имаат и футролите за прибор, оние кои се полни со боички, моливи и гуми, чинат над 500 денари, зависно од моделот. Дополнително потребни се повеќе тетратки, како и блокови за ликовно. Дрвени боици и фломастери нема под 150 денари, а темперните се над 200 денари. Добар ранец тешко се наоѓа под 1.500 денари, па така семејство со две или три деца за стартот на учебната година ќе треба да одвои над 10.000 денари најмалку.

Освен ова, семејствата со дете коие оди во прво одделение се на дилема дали да го следат новиот тренд кој значи торта за прваче. Велат дека, последниве години како задолижтелно да стана да се купи торта декорирана за прваче и да се направи прослава по повод стартот на основното образование.
Борис Грујоски