Портрет на Горан Стефановски подарен на Битолскиот народен театар

По желба на семејството на Горан Стефановски, еден од најголемите македонски драмски автори, неговиот портрет кој беше сопственост на Драмскиот аматерски фестивал од Кочани, денеска премина во трајна сопственост на Битолскиот народен театар.

Автор на портретот е академскиот сликар Орхан Ќамил од Кочани, а причини за овој голем гест има барем две. Во Битола, Стефановски е девет пати изведуван и своето најрано детство го поминал токму во овој театар.

„Заклучивме дека најубавото место да се вдоми е тетарот во Битола каде што Горан своите први чекори кога татко му Мирко Стефановски, доаѓа за директор на Битолскиот театар- рече драматургот Дарко Јан Спасов во име на ДАФ- Кочани.- Портретот што ДАФ Кочани ни го подари е од особено значење за нашиот театар бидејќи семејството го избра нашиот театар да биде домакин, а тука се поставени девет негови драми низ годините“, рече Иван Јерчиќ, директор на БНТ.

Дека големиот македонски драматург Горан Стефановски врз битолчани има оставено длабоки траги, покрај тетарската сцена, говори и графитот со неговиот портрет и вонвременската мисла од “Диво месо“- Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.

Пеце Стефановски