Поранешниот претседател Иванов на аудиенција кај папата Франциск
Поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, денеска присуствуваше на генерална аудиенција на папата Франциск, што се одржа на плоштадот св. Петар во Ватикан.
Повод за посетата на Ватикан и присуството на аудиенцијата, соопштија од кабинетот на Иванов, е врачувањето на признанието „морален лидер на денешнината’’ на неговата светост папата Франциск од страна на школата за млади лидери на претседателот Иванов.
„Папата Франциск му се заблагодари на претседателот Иванов за признанието и истакна дека се уште му се свежи импресиите и срдечниот прием при посетата на Македонија на која домаќин беше претседателот Иванов. Воедно, папата Франциск упати поздрави до Македонија и македонскиот народ“, стои во соопштението.
КАТЕГОРИИ Македонија