Поранешниот англиски селектор доживеа срцев удар, неговата состојба е сериозна

Здрaвствената состојба на поранешниот селектор на Англија, Глен Ходл, е сериозна, но стабилна.

Тој вчера доживеа срцев удар во емисија на телевизијата „Би-Ти спортс“, каде е ангажиран како стручен коментатор, по што веднаш беше пренесен во болница.

Ходл во кариерата одигра 53 натпревари за Англија, а се смета за еден од најдобрите играчи на својата генерација.

Како селектор 61-годишниот фудбалски стручњак ја предводеше англиската репрезентација во периодот од 1996 до 1999 година.