Поранешната ѕвезда на Јувентус и Италија осуден две години затвор, неговиот татко ќе помине 19 години зад решетки

Италијанскиот фудбалер Винченцо Јакинта, кој беше светски шампион со тимот на Италија од 2006 година, е осуден на две години затвор поради врски со мафијата и учество во кривични дела, во кои било користено оружје.
Експертите проценуваат дека поранешниот фудбалер на Јувентус и на Удинезе дури и поминал полесно, бидејќи за такво кривично дело е предвидена затворска казна од шест години.
Во исто време, таткото на Јакинта, Џузепе, е обвинет како учесник во организираната криминална група „Ндрангета“ и е осуден на затворска казна од 19 години.