Поразителни промени историски за Македонија: Бугарите веќе влегоа во македонската историја

Додека Бугарите чекаат да влезат во Уставот, Бугарите влегоа во историјата. Учениците од шесто одделение повеќе ќе учат за Тракија и Одринско, отколку за македонската историја. Повеќе нема да ги ниту картите на обединета Македонија. Тоа ќе биде новата историја која од септември ќе ја учат шесто одделенците. Таа е договорена меѓу Македонија и Бугарија, а запишана во протоколот од состаноците на историската Комисија.  

-Поголема застапеност на проблематика поврзана со античка Тракија и Тракијците ќе придонесе за подобро запознавање на културно-историското наследство во регионот, се вели во протоколот.

Нови историски факти учениците ќе учат и за Свети Апостол Павле. Нема да учат за неговата поврзаност со македонската православна црква.

-Сугестиите за институционален континуитет меѓу мисијата на апостол Павле и средновековните црковни структури што постоеле на територијата на денешна Република Северна Македонија се неосновани, се вели во препораките. 

За овие промени, веќе реагираа и историчарите. Универзитетската професорка по историја Катерина Тодороска за Алфа кажа дека наставната програма за шесто одделение во Македонија, наликува како да е направена од страна на бугарски и грчки историчари. Вели македонските ученици повеќе ќе учат за Тракија и Тракијците отколку за македонската историја.

-Фактички она што побарале, она што било договорено со нашите колеги од Бугарија се овде е внесено. Во секој еден дел нам ни се сервира она што е практички битно или значајно за Тракијците. Треба да истражуваат на кои територии живееле Тракијците, потоа да добијат задача да го истражат Одринското кралство, изјави Тодоровска.

Промени во шесто одделение има и во наставната програма по македонски јазик. Шестоодделенците нема да учат за делото на Светите браќа Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети, како за севкупната историја и потекло на македонскиот јазик, затоа што власта решила дека тоа повеќе не е неопходно да се знае од следната учебна година.

-Во делот на соддржина, потекло на македонскиот јазик, нема да изучуваат за старословенските азбуки, за глаголицата и кирилицата, за современото македонско писмо, значи, учениците едноставно, нема да се среќаваат со тие поими и нема да можат да прават споредби со старословенската кирилица и современото кирилско писмо. Кирил и Методиј се изостануваат, како наши дејци, просветители, врз основа на што се темели и нашиот јазик и нашата азбука, изјави за Алфа Милка Тримчевска, наставничка по македонски јазик.

Инаку, предметот историја и општество за шесто одделение, за кој договор да се менува постигнаа историчарите, според програмата опфаќа три модули: историја, географија и граѓанско образование. Во историјата ќе се учи за старите цивилизации и античкиот период во историјата на Европа и Балканот. Во модулот географија за ориентацијата на географскиот простор и географијата на медитеранските земји. Додека во граѓанско образование ќе се учи за демократијата и законите.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста