Поради хулиганизмот Натпреварот АЕК – Динамо Загреб е одложен
Повеќе грчки медиуми објавija веродостојна информација дека натпревар меѓу АЕК Атина и Динамо во вторник вечер нема да се одигра. Одлуката ја донесе УЕФА на состанокот во вторникот наутро во атина.
На состанокот утрово присуствуваа претставници на клубови, грчката полиција и хрватската амбасада во Грција. АЕК смета дека Динамо и полицијата се одговорни за бунтот, во кој до смрт беше избоден грчки навивач и дека двете страни требало да направат повеќе за да се спречи тоа што се случи.
„Во овој момент незамисливо е да започнеме состанок, на кој ќе бидат присутни и претставници на Динамо, додека се уште жалиме по животот на навивачот“, изјави на почетокот на средбата потпретседателот на АЕК, Јоргос Космас.
Тој смета дека клубот од Загреб сигурно знаел за доаѓањето на нивните навивачи во Атина и дека морал да го известат организаторот за нивните намери. Затоа грчкиот клуб го смета Динамо Загреб за одговорен. Вториот виновнк според АЕК е полицијата, која дозволи движење на конвојот навивачи низ Грција и нивно непречено пристигнување во Атина, блиску до стадионот.
АЕК тврди дека на состанокот во понеделникот попладне ја предупредиле полицијата дека може да дојде до конфликт меѓу хрватските и грчките навивачи, но нивните предупредувања биле игнорирани. Во тој момент претставниците на АЕК го напуштија состанокот, а потоа УЕФА одлучи да го одложи натпреварот. Сè уште се чека официјалната одлука на врвот на европскиот фудбалски клуб. но УЕФА има намера да го одложи натпреварот.