Поради лошите временски услови прскањето против комарци ќе се пролонгира

Општините почнаа со подготовка за прскање против комарци. Авионите ќе полетат, но откако ќе се подобрат временските услови. Интензивните врнежи од дожд минатата недела се причина за пролонгирање на акцијата. Свети Николе е една од ретките општини каде што третирање од воздух ова лето ќе се изврши дури шест пати. 

Се работи за мали авиони кои можат многу ниско да летат и по консултации со стручни луѓе овој начин е најдобар, бидејќи ги опфаќаат сите легла на комарци„ изјави ДЕЈАН ВЛАДЕВ, градоначалник на Свети Николе.

И годинава пропадна идејата комарците да се третираат регионално. Градоначалниците од истокот не успеаја да најдат начин како да се исфинансира целата акција која чини околу 80милиони денари. Досегашната пракса покажува дека поединечното прскање во секоја општина не го дава посакуваниот резултат. Дел од помалите општини поради наталожените долгови, финансиски не можат да одговорат, па затоаа е потребно да се вклучи и централната власт, сметаат градоначалниците.

  „Затоа апелиравме до централната власт да се вклучи во оваа постапка да сите региони и сите општини кои не се ликвидни и имаат поголеми површини да бидат исфинансирани преку ресорните министерства за да имаме ефект од постапката за прскање и третирање од комарциистовремено да бидат третирани„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Регионално третирање на комарците е долгогодишна идеја и досега се има реализирано само еднаш, по поплавите од пред девет години кога се излеа брана Калиманци. Во просек  поголемите општини во источниот дел  од својот буџет  за третирање на досадните инсекти издвојуваат околу 2 милиони денари.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста