Поради задоцнета пошта одложен изборот на нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители

Поштата не стигнала на време, па Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители,пред седницата дозна дека има и четврти кандидат па го одложи изборот за нов директор. Судијата Андреј Димовски од граѓански суд и единствен национален судија со меѓународно искуство влегува во трката за раководење со оваа значајна институција од која излегуваат идните обвинители и судии. Освен него, веќе пријавени за директорската позиција се досегашната директорка Наташа Габер Дамјановска, Емилија Шопар Јованова од скопскиот Граѓански суд и Ненад Савевски од Кривичниот суд во Скопје. Кој од нив ќе биде новиот директор на Академијата, ќе треба да се знае во петок, за кога е закажана новата седница.

На седница дојдоа речиси сите членови на Управниот одбор, освен, Беса Адеми, претседателка на Врховниот суд чија снаа е слушател на Акамемијата.

https://youtu.be/mKi8VOd1534
Advertisements