Поради големите протести во Хонг Конг, Кина ги пренасочува патниците

Кинеските власти соопштија дека поради протестите во Хонг Конг, ќе овозможат повеќе патници да се пренасочуваат на други аеродроми во областа Гејтер Беј, со цел да се овозможи непречен превоз меѓу копното и Хонг Конг.

Хонгошкиот аеродром, еден од најпрометните во светот, ги откажа сите летови поради тоа што на главниот терминал се одвиваат антивладини протести.

Од денеска откажани се сите слетувања и полетувања, соопштија од аеродромот.

Демонстрантите упаднаа во зградата на главниот терминал и оневозможуваат работа на аеродромот.

Неколку илјади демонстранти денеска се во таа зграда на аеродромот иако нивното протестирање таму требаше да заврши синоќа. Хонгконшката авиокомпанија Катај пасифик, се закани со отпуштања од работа на свои вработени кои ги поддржуваат, како што наведоа во соопштение, „незаконски протести“.