Помпео: САД етапно и плански ќе се повлечат од Сирија

A group of U.S. Soldiers keeps an eye on the demarcation line during a security patrol outside Manbij, Syria, June 24, 2018. These independent, coordinated patrols with Turkish military forces help ensure the stability, safety and the continued defeat of ISIS in the region. (U.S. Army photo by Staff Sgt. Timothy R. Koster)

Американскиот државен секретар Мајк Помпео за време на вчерашната посета на Ирак изјави дека САД етапно и плански ќе се повлечат од Сирија.

Помпео во Багдад беше примен од премиерот на Ирак, Адил Абдул-Махди.

Во соопштението на ирачката Влада се наведува дека за време на средбата се разговарало за повлекувањето на американските трупи од Сирија, истакнувајќи дека Помпео не спомнал никаква временска одредница.

Абдул-Махди на средбата со Помпео го нагласи значењето на борбата против Исламска држава, како и односите меѓу САД и Ирак во бројни области, првенствено во енергетиката и економијата.

Помпео вчера допатува во ненајавена посета на Ирак, при што оствари средба и со ирачкиот претседател Бахрам Салих и со претседателот на Парламентот Мохамед ал-Халбуси