});

Помирување меѓу „Војводите“ и „Балистите“ нема да има, Спасовски вели превенцијата е подобро решение од казната

До помирувањето на „Војводите“ и „Балистите“, кое беше план на МВР, според навивачите„ Војводи“ нема да дојде, а се уште нема ниту пријави за немилите настани во неделата, кога според објавените снимки беше демолиран угостителски објект во Тетово, а скандирањето на навивачите Балисти беше недолично, со ширење говор на омраза и навреди. Министерот Спасовски вели дека превенцијата, а не казната ќе биде подобро решение.

-Репересијата не е најсоодветен метод во македонското општество, заради тоа што недостасува превенција и затоа ние од овој вториот метод, од превенцијата не се откажуваме. Тие комуницираат меѓу себе, помалку или повеќе. Ние сакаме таа превенција да ја направиме институционална преку Советот за превенција преку СВР Тетово, вели министерот Спасовски.

За разлика од уверувањата на  министерот Спасовски дека има комуникација меѓу двете навивачки групи, „Војводите“ порачуваат оти шанси за помирување со „Балистите“ нема. Од таму велат дека невозможно е да се смируваат со навивачи кои повикуваат на „Голема Албанија“, кои скандираат име на терористичка група која протерувала Македонци од тетовскиот регион, а како една од причините го наведуваат и самото име на групата.

-НЕ СМЕ поддале рака на навивачите на Шкендија за помирување и за смирување на целата ситуација. Дел од нашето раководство беа повикани во СВР Тетово на разговор околу целата настаната ситуација. Се разговараше за многу работи, но во ниту еден момент НЕ СМЕ подале рака за смирување и нема да подадеме од повеќе причини, велат во соопштение Војводите.

„Балистите“ претходно обвинија дека поради „Војводите“ започнале овие инциденти, кои според нив два дена претходно нападнале и навредувале албански ученици, но навивачите на Тетекс тврдат дека тоа е чиста лага и манипулација на јавност од некои лица со цел да се прикрие насилното однесување на навивачите на Шкендија и неспособноста на МВР.

-Некој сака да ја убеди целата јавност и да не набедат нас дека ние сме правеле инциденти и дека сме поттикнале омраза што буквално нема врска и се оградуваме од тоа и сакаме да кажеме дека тоа е чиста лага и манипулација на јавност од некои лица со цел да се прикрие насилното однесување на навивачите на Шкендија и неспособноста на МВР, велат од „Војводи“.

За пријави –  прекрошни или кривични сепак е рано според првиот човек на МВР, требало време да се утврди каква било одговорност и кој се учествувал во инцидентите.

Матеја Петровски