НАЈНОВИ ВЕСТИ

Помина година цела, а за тетовци остана само сонот за плата од 1300 евра во најавената фабрика за автомобили

Речиси една година по потпишување на договорот, и поставување на камен –темелникот  сеуште не е почната помпезно најавувана изградбата на фабриката е-го за производство на електрични автомобили во ТИРЗ Тетово.   Владата тогаш се пофали дека изградбата ќе почне за 6-8 недели , но 11 месеци подоцна завршени се само ситни подготвителни работи. Според директорот на ТИРЗ Десподовски  Владата ја кочи работата бидејќи се уште не дале согласност за користење на земјиштето под закуп. 

Во моментот „топката“ е кај Владата. Очекуваме согласност за давање на земјиштето под закуп во наредните неколку недели. Веднаш потоа обврската ќе биде наша, на Дирекцијата, соодветно да го подготвиме земјиштето. Теренот, целата зона таму, е под ризик од поплава. Работите се движат, но не со посакуваната динамика. Подготвителните работи се веќе завршени, имаше тестирање на земјиштето. Практично, работите се почнати, но, сепак, кога ќе видиме багери и градежни машини на локацијата, тогаш можеме да кажеме, да, активностите почнаа – потенцира Деспотовски.

Пред речиси една година на 13-ти август, Во ТИРЗ Тетово се собраа министри и високи функционери од ДУИ , кои ветуваа отворање на 3-4000 нови работни места, а од старт требаше да се вработат 890 лица. Се најавуваше  милионска инвестиција вредна вкупно 130 милиони евра со државна помош од 1/3 од сумата.  Германската компанија треба да се протега на површина од 60.000 квадратни метри за што треба да се спојат 4 парцели, но на терен нема ништо .Директорот на ТИРЗ не  сакаше да прецизира кога би добиле согласност, но порача дека премногу време се губи во административни процеси

„Не мислам дека треба да трошиме време во некакви преписки и мислења бидејќи од другата страна имате приватен сектор кој работи со пари и со време“, рече Деспотовски

Инаку ТИРЗ зоните во изминатите 6 месеци ја надминаа бројката од 17.000 вработени, а од почетокот на годинава биле постигнати договори во вредност од над 280 милиони евра .

Кристина Алексиеска