Помалите коалициони партнери остануваат на ставот за францускиот предлог, но остануваат и во Влада

Остануваат и на ставот да ја напуштат владата, но остануваат и во владата.

Помалите коалициони партнери, демократски сојуз, дом, нсдп и лдп засега немаат намера да ја напуштаt владината коалиција иако власта и Министерот Османи најавија дека францускиот предлог не е мртов и се уште се преговара за него.

Павле Трајанов од Демократски Сојуз вели дека не биле само опозицијата и коалиционите партии против, туку и голем дел од пратениците на СДСМ.

Опасна е тезата на министерот за надворешни работи. Дека францускиот предлог е прифатлив. Понатаму, дека рамката е прифатлива со ситни корекции. Тоа е директно загрозување на нашите национални интереси. Ако продолжи Османи да се однесува на овој начин, мислам дека ја загрозува сопствената позиција, но и во целина на владата.“ – Истакна Павле Трајанов – Претседател на Демократски Сојуз.

Тој вели дека ако на било кој начин е загрозен националниот идентитет, веројатно ќе се оди на избори и повика и на формирање на широка коалциија.

„Сметам дека треба да се вклучат сите потенцијали во државата, да се формира широка коалициона влада, да се надмине оваа криза“. – Додаде Трајанов.

Маја Морачанин од ДОМ потврдува дека се уште се преговара и побара ако има нов предлог, тој да биде достапен за јавност и Собранието.

„Имавме јасен став ако остане тој француски предлог. Сега веќе не знам каков е, се уште има преговори. Ако го прифатеше владата ќе ја напуштевме. Остануваме на тоа. Ако има нов предлог, мора да биде достапен за увид во јавноста и Собранието. Претходниот за нас беше неприфатлив.“ – Изјави таа.

Една недела подоцна се изјасни и НСДП, велат дека и тие биле против, но, не најавија напуштање на владината коалиција.

„За НСДП единствено е прифатлива преговарачка рамка со јасна и чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет, во слгласност со Резолуцијата која ја донесе македонското собрание. Не прифаќаме историските прашања да влезат во преговарачката рамка. За историјата сметаме дека треба да разговараат историчарите без политички притисоци.“ – Пишува во соопштението на Нова Социјалдемократска партија – НСДП.

Горан Милевски од ЛДП, иако го отфрли предлогот на Макрон и најави напуштање на владата доколку се прифати. За Алфа сега вели оти немал информации дека се уште се преговара.

Никола Цветкоски