Половина од граѓаните не веруваат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ
Граѓаните скептични дека Македонија ќе стане членка на ЕУ . Третиот дел од анкетата спроведена од маркет вижн за порталот МКД. МК покажува дека повеќе од 49, 9 % од испитаниците сметаат дека Македонија нема да стане членка на ЕУ, а повеќе од 54 отсто се против промените во Уставот .
Само 16,4 отсто од испитаниците се согласуваат со внесување на бугарите во Уставот, а уставни измени дури и со гаранции за македонскиот јазик и идентитет не би поддржале 45,9 отсто. За промена на Уставот со вакви гаранции се согласуваат 34.3 отсто.
Две третини од граѓаните кои веруваат дека Македонија ќе стане дел од Европската Унија , сметаат дека тоа ќе се случи во следните 10 години, а 24,6 отсто мислат дека ќе треба и повеќе од 10 години .
Граѓаните не ја сметаат за значителна финансиската и институционалната помош која ја добиваме од ЕУ и САД. Само 16,6 % од испитаниците сметаат дека значајна е помошта од ЕУ, а 32,8 отсто мислат дека е нзачителна . Нешто сличен е процентот за помош од САД . 17,9 % од испитаниците сметаат дека помошта која ја добиваме од САД е значителна.
Во првите два дела од анкетата, која беше објавена викендов се покажа двојно водство на ВМРО – ДПМНЕ во однос на СДСМ . Граѓаните двојно повеќе и му веруваат на Христијан Мицкоски отколку на Димитар Ковачевски, а граѓаните речиси и да не му веруваат на првиот човек на државата . Само 0,2 отсто од испитаниците кажале дека му веруваат на Пендаровски.
Дека има надеж за подобрување на животниот стандард под водство на премиерот Димитар Ковачевски очекувањата се ниски, односно само 18 проценти.
Анкетата ги покажа и најголемите проблеми за граѓаните. Сиромаштијата, криминалот и корупцијата се на врвот. 43 отсто од испитаниците сметаат дека најголем проблем е економијата, а дури 80 отсто од граѓаните сметаат дека корупцијата е зголемена во однос на мината година.
Анкетата беше спроведено од 5 до 16 јуни спо пат на телефонско анкетирање со на примерок од 1.200 испитаници со ниво на статистичка грешка од 3% и интервал на доверба од 95%.
Кристина Алексиеска