Полни очи, празни раце – живeачката се поскапа

Полни очи, празни раце. Само богатите во Македонија можат да си дозволат овошје и зелнчук на трпеза.  За обичниот народ тоа стана веќе луксуз. Пазарџиите нудат, но кој да купи..   Ако претходните години, лубеницата се продаваше по 15 денари за килограм, годинава надмина 40 денари. Дињата се продава од 100 до 130 денари за килограм. Не се евтини ниту праските, кајсиите, црешите.. Граѓаните не паматет вакво лето, со изгор скап пазар.

  • ЛУБЕНИЦА: над 50 денари за килограм ;
  • ДИЊА: над 100 денари за килограм ;
  • КАЈСИИ: 100 денари за килограм ;
  • СЛИВИ: 50 денари за килограм ;

И државната статистика покажа дека за една година, храната поскапела за 12%. Најголем пораст има кај зеленчукот од 21,5%, кај овошјето од 17,7%.

Поркај храната, поскапело буквално се – струјата, горивото, потоа кафето во кафетерија, па дури и паркинг услугите. Се пожалија дека трошоците за живот пораснале за неколку пати, што значи дека денес платата ни вреди помалку за разлика од лани.

  • Од скапо поскапо. Не знам што ќе се прави. Ако традиционално секое лето купувавме лубеница, диња и не ја гледавме цената, бидеќи беа евтини сега за едно динче од кое нема да се најде цело семејство треба да платиме околу 200 денари. Килограм праски, тоа се околу 4 поголеми праски, чинат над 60 денари, се жалат граѓаните. 

За да се ублажи ценовниот шок, од ССМ алармираат дека под итно ни треба зголемување на платите, зашто се живо е поскапено. Ако не се случи тоа, ќе продолжи трендот на осиромашување на граѓаните.

За да се истурка месецот, на едно четиричлено семејство му биле неопходни 48.620 денари, пари за задоволување на минималната синдикална кошница, пресмета ССМ. Од нив, само 20.000 денари или 44,6% оделе само за храна.

И додека кај нас високите цени на храната и енергенсите силно удираат по џебот на граѓаните, нема никакви мерки за колку толку да се ублажи ценовниот шок, па така земјава и натаму останува меѓу лидерите по сиромаштија и иселувања на населението. Во регионот од нас е полоша само Србија, а Албанија е далеку подобра од нас, каде во јули инфлацијата изнесувала само 4,2%.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста