Полицијата го убила напаѓачот во Стразбур

Полицијата синоќа го убила Шериф Шекат кој го извршил нападот на божиќниот пазар во Стразбур. „Тоа се случило во еден кварт на градот, а во текот на потрагата по него“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер. Според министерот, осомничениот бил забележан од припадници на полицијата како оди по улица и во обидот да го приведат тој почнал да пука врз нив. „Тогаш полицајците возвратиле и го неутрализирале напаѓачот“, рече Кастанер. Шекат во вторникот со огнено оружује убил три лица, а 13 ранил.