Полицијата во Скопје уапси лице од Грција

На 28.08.2020 во 13.30 часот од полициски службеници од СВР Скопје од бул.“12-та Македонска Бригада“ бил приведен М.П.(33) од Р.Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Тој бил задржан во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.