Политичко мешање во судството: Правосудството систем во распаѓање, не се гледа желба кај политичката елита да се спаси

Судскиот ситем во распаѓање, политичката елита не изгледа баш најзаинтересирана да го спасува, смета универзитетскиот професор Гордан Калајџиев. Според него ова го покажуваат последниве потези со разрешувањето на државниот правобранител и обезглавувањето на Обвинителството за организиран криминал.

-Системот е во распаѓање и не постои начин тој лесно да се ресетира, од оваа ситуација ние нема да излеземе брзо. Некој ќе треба да го поттурне системот да излезе од калта. Се надевам дека не е во жив песок. Нашиот систем на самоуправување преку судскиот и јавнообвинителскиот совет гледаме дека е дисфункционален, вели Калајџиев.

Според него посебно суспензијата за Вилма Рускоска, Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева покажува дека системот ни е во распаѓање. Вели тешко дека некој во иднина би се решил да се бори против организираниот криминал, после вавките потези кои политиката ги прави врз ова Обвинителство.

-Суспензијата и дисциплинската и кривична постапка против обвинителките од организиран Криминал, покажуваат дека има структури во политичката елита кои што се заинтересирани постапките да не се истераат, вели Калајџиев.

Разрешениот државен правобранител е Фехим Шеху кој реши да поднесе кривични пријави против сегашниот шеф на скопското Обвинителство Гаврил Бубевски и неговиот колега од поранешното СЈО, Артан Ајро и сега веќе екс директорот на Финансовата полиција, Арафат Муреми. Кривичните се бидејќи дозволиле Сеад Кочан да оттуѓува свој имот, кој требало да му биде замрзнат во текот на кривичната постапка која беше водена против него. Иако официјално тој си поднел оставка, сепак се шпекулира дека постоеле политички притисоци да си замине.

Голем број шпекулации има и околу одлуката за суспензиа на Русковска и колешките. Дел од нив се и дека спремала кривична пријава за еден министер, а му подготвувале притвор, поради можно влијание на сведоци и тоа пред да започне испитувањето сведоци за „Беса Транс“. Обвинителката демантираше, сепак за овие шпекулации пред медиумите мораше да одговори министерот Оливер Спасовски. Тој пак вели полицијата имала одлична соработка со Обвинителството за организиран криминал.

-Секогаш сме имале одлична соработка на основа на се што било потребно, Министерството за внатрешни работи потребните организациони единици да работат, да изработат она што е побарано со наредба итн во секој поглед, изјави Спасовски.  

Според Калајџиев сите овие потези последниов период само ќе допринесат кон тоа кај граѓаните уште толку да падне довербата во правосудството која во овој момент е и повеќе од катастрофална, односно само осум проценти.

Матеја Петровски