НАЈНОВИ ВЕСТИ

Политичари и аналитичари сугерираат – Kовачевски и Aхмети треба да му прават друштво на Mерко на црната листа на САД

Ставањето на струшкиот градоначалник Мерко на црната листа на САД, дополнително ги раскара политичките партии, не само Мерко на неа требало да се најдат низа функционери од највисоките ешалони на власта. Ковачевски, Ахмети се само дел од имињата кои полиитчари, аналитичари и поранешни функционери ги споменуваат како лица кои треба да се најдат на листата со санкции оти имале големи индиции за корупција и криминал.

Првиот човек на БЕСА, Касами, вели дека не е само Мерко за на листата, туку и неговиот партиски шеф, Ахмети.

„Во овој процес сметам дека на црна листа треба да биде ставен првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. ДУИ се движи континуирано надолу, зашто функционери на таа партија крадеа за време на дваесетте години на власт“, рече Касами.

И поранешниот претседател на антикорупциска очекувал повеќе имиња на листата од Вашингтон, вели не требало да се ставаат само ситни риби, туку и крокодили.

Најнапред очекував премиерот, затоа што неговата сопруга со свои пари влезе во бизнисот со производство и промет на електрична енергија. Втора работа зошто премиерот, затоа што дозволи на неговата сопруга да биде продадено државно земјиште по едно евро м2 на кое ќе треба да се изградат фотоволтаични централи, истакна Зафировски.

А токму Мерко и неговото понатамошно работење како градоначалник на Струга  и покрај тоа што заради корупција Америка не му дозволува влез, беше причина Софија Куновска, пораншен висок функционер на СДСМ , да реагира оти како што вели  “Човек од црна листа не може да продожи натаму на чело на единица на локална самоуправа како и до вчера“.

Замрзнувањето на партиските функции на Мерко треба да ни испрати порака дека партијата не смее да си го руши угледот и да трпи штета во партиските редови од несовесното поведение на истиот, за разлика од местото во државата на кое тој може слободно да си продолжи како и до вчера со делувањето иако е веќе личност од црната листа на САД осомничен за тешки злоупотреби. Тоа што државата губи углед и што материјалната штета е на сметка на граѓаните, актуелната власт не ја интересира. Премиерот можеби не може да делува на Мерко и да го принуди да поднесе неотповиклива оставка, но макар и на вербално ниво, мора да има став јасен како ден по тоа прашање, дека човек од црна листа не може да продожи натаму на чело на единица на локална самоуправа како и до вчера. За тоа дали премиерот треба и Републичкиот јавен обвинител да го повика да си понесе одговорност има уште некој ден на располагање. Па тој нека го повика следниот по него за кој смета дека е одговорен и така натаму до крај, пишува Куновска на социјалните мрежи.

Инаку токму на црната листа на САД покрај Мерко, се наоѓаат и двајца коалициони партнери во Владата на Ковачевски, односно Љубе Бошковски и Мендух Тачи.