Познат македонски новинар и сопственик на интернет портал приведен, ја претепал сопругата

Познат сопственик на интернет портал и неговата сопруга заработија пријави од полицијата откако ноќта од 16 кон 17 јануари, во полициска станица одделно пријавиле дека се жртви на семејно насилство.

Првата пријава во полиција била од сопственикот на порталот С.И. кој кажал дека сопругата го нападнала со нож, неколку часа подоцна се јавила и неговата сопруга која го пријавила С.И. дека физички ја нападнал употребувајќи нож.

Тепачката се случила во семејниот дом во Скопје. Полицијата напишала кривични пријави и за двајцата и работи на расчистување на случајот, потврдија од МВР за Алфа.