Пожар на грчкиот остров Хиос, издадена е наредба за евакуација
Доцна синоќа околу 1 часот по локално време изби голем пожар на островот Хиос во близина на територијата со Турција кој зафати шумска област во близина на селото Катавасис, северозападно од градот Хиос.
До жителите на селата Диеика и Катавасис била испратена порака да се евакуираат во Волисос, јавија грчките медиуми.
Од рано утрината во гаснењето на пожарот учествуваа пет авиони и четири хеликоптери, а на терен се вкупно 90 пожарникари, од кои 10 пожарникари пристигнаа со брод од островот Лезбос и 27 пожарникари кои долетаа од Атина, поддржани од 18 противпожарни возила.
КАТЕГОРИИ Свет