Пожар кај Љуботенски бачила – авионите не интервенираа

Чад над Скопска Црна Гора. Пламени јазици веќе два дена ја голтаат дабовата шума кај Љуботенски бачила. Ветерот го шири пожарот кој веќе го зафати и местото викано „Башинец”. Теренот до овие места е непристапен.

Поради непристапноста општина Бутел од Дирекцијата за заштита и спасување побарала и авиони, но, авиони додека бевме близу опожареното место не прелетаа. Од Дирекцијата за заштита и спасување се надостапни. До почетокот на овие вести не добивме одговор на прашањето зошто не се пратени авиони да интервенираат.
Oд скопската противпожарна бригада, велат дека, немаат доволно кадар, ниту пак возила, но засега добро се справувале со пожарите што секојдневно избрувнуваат.

Државата располага со околу 700 пожарникари, од кои околу 200 се во подрачната единица на Скопје, а токму во главниот град фалат уште 198 пожарникари за да се исполнат капацитетите. Во Македонија има само три авиони за гаснење на пожари.

Граѓаните не смеат да се движат низ шумите, освен во паркот во Гази Баба и Водно. Казните за прекршокот на забраната и непочитување на законите се движат од 1500 до 2000 евра.

Сања Трајковска Ставров