Пожар во Кисела Вода- Пожарникарите се мачеа за да го изгаснат огнот

Пожар избувна во близина на салата Расадник во населбата Кисела Вода. Стихијата започнала во стан на 5 кат кој во моментот бил празен, огнот набрзо зафатил уште неколку околни станови ….

Додека огнот беснееше, пожарникарите се мачеа да го изгаснат.На видеото може да се забележи дека млазот вода нема доволно притисок за да стигне до потребната висина.Во меѓувреме кај присутните се кренала паника.За среќа екипата на крај успеа да ја совлада огнената стихија.

Познавачите подолго предупредуваат дека Македонија има застарена опрема која е несоодветна за посериозни предизвици.

Во однос на опремата, голем дел од територијарните противпожарни единици употребуваат застарена опрема и застарени обуки, како што била на просториите на поранечна Југославија, вели м-р Коста Поповски, командир на ТППЕ во Битола.

Инаку Градоначалникот на Град Скопје веќе втора година ветува дека ќе се обнови опремата на пожарникарите. Возниот парк на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје го сочинуваат 50-тина возила, од нив најголем дел се возила од 1973 година, кои се уште се во возна состојба. Последното возило што е купено од Град Скопје е од 2005 година.

Јована Грчева