Пожарот на Халкидики сѐ уште активен, но ситуацијата е подобра од вчера

Околу 200 грчки пожарникари со речиси 100 возила и 73 лица пешадија во текот на целата ноќ го гаснеа големиот шумски пожар што изби вчера наутро во областа Сарти – Ситонија на вториот крак на Халкидики.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, пожарот не е целосно изгаснат, но ситуацијата е многу подобра за разлика од вчера, додека пак намалениот интензитет на ветрот им помага на грчките пожарникари.