Пожарот во Подгорица е локализиран, се сомневаат дека бил подметнат
Пожарот кој што синоќа избувна во подгоричката населба Долјани во Црна Гора е локализиран околу три часа по полноќ, потврди командирот на Службата за заштита и спасување на Подгорица – Горан Јанковиќ.
Тој за „Вијести“ изјави дека постои сомневање дека е пожарот е подметнат. Јанковиќ нагласува дека во еден момент биле загрозени куќи, а силниот ветер им ја отежнувал работата на пожарникарите.
Синоќа вчеравечер во 20 часот и 14 минути до Службата за заштита и спасување на Подгорица стигнала пријава дека во Долјани гори ниска вегетација. Веднаш биле испратени пет екипи со петнаесет пожарникари, и по тешки седум часа борба со огнената стихја успеаја да го локализираат пожарот.