Пожарот во Кисела Вода оштети над десет стана- 11 лица се хоспитализирани на токсикологија

11 хоспитализирани пациенти на Универзитетската клиника за токсикологија како последица на вчерашниот пожар во скопската населба Кисела Вода. Највозрасниот пациент е на 74-годишна возраст, додека најмладиот на 26-годишна возраст.

Сите пациенти се во стабилна општа состојба. Спроведени се сите дијагностички процедури согласно протоколите за лекување и до добивање резултати од иследувањата, пациентите ќе бидат хоспитализирани. Во најголем дел пациентите имаат потешкотии со дишењето, гушење, кашлање, кивање, и слични симптоми. информира д-р Наташа Симоновска од Клиниката за токсикологија.

Во станбената зграда нема струја, а граѓаните сеуште немаат пристап до своите станови.. Синоќeшната ноќ ја поминале кај најблиските…Полицијата врши увид на терен

  • Синоќе спиев кај родините, во моментот на пожарот бев во мојот стан.. Во 14часот напладне слушнав како комшикава почна да повикува помош. Кога излегов од својоот дом сватив дека станува збор за пожар… Почнав да бегам.. Од 5ти спрат се симнував надоли и ги информирав комшиите да ја напуштат зградата.. Сликата беше ужасна .. Раскажуваат граѓаните за Алфа Тв

Од надлежните сеуште нема никакво соопштение, станарите информираат дека на  средба со градоначалникот на општината- ветена е помош од 30.000 денари на граѓаните чии домови се оштетени при гаснењето на пожарот

  •  Денес бевме на разговор со градоначалникот на општина Кисела Вода, оние станови кои настрадале при гаснење на пожарот ќе им се помогне со парични средства од 30.000 денари , истакна станарот Томи Тапшанов.

Доколку некој од граѓаните сакаат да им помогнат на опожарените граѓани, за да донираат – може да се обратат на фб страната на Кисела Вода.

Јована  Грчева