НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарот во битолскиот затвор е изгаснат, дали бил подметнат?

Нема повредени во пожарот што зафатил една просторија во битолскиот затвор
лоциран во месноста „Црн Мост“ во Битола. Според првичните информации,
единствено лекарска помош побарале и им е укажана на неколку чувари во затворот
кои вдишале чад.

Во гасењето учествувале две противпожарни возила со шест пожарникари . Огнот
бил брзо изгаснат и спречено е негово понатамошно ширење информираат од
битолската противпожарна единица која интервенираше на терен.

Се очекува во текот на денот да бидат соопштени информации за причините за
пожарот во битолскиот затвор кој веднаш бил изгаснат.