Подигањето на знамето на НАТО, зесенето од игри со поканата за претседателот Иванов

Глигоров, Црвенковски, Трајковски…по кревањето на знамето на НАТО крај македонското, премиерот им се заблагодари на сите поранешни претседатели за заложбите за влез во НАТО, но, во напишаните редови на говорот, немаше ни збор за тоа што го направил Иванов.
Шефот на државата не беше ни меѓу присутните. Покана за да присуствува ја добил откако завршила церемонијата.
Од Влада пак тврдат му испратиле покана и преку курир и електронски, и не знаат зошто не се појавил.
Во напишаните редови премиерот им се заблагодари на сите војници учесници на мировните мисии во НАТО и оддаде почит на загинатите. Вели Северна Македонија веќе не морала да се плаши од опасноста за распад оти веќе е 30тата членка на НАТО.
Според Заев Северна Македонија ја чека напорен пат кон ЕУ, понекогаш вели Брисел ќе барал и влакно во јајцето, ама се што ќе сме правеле ќе биде за евростандардизација и себереформирање- а не затоа што ЕУ бара. Сега судбината била во наши раце.
Меѓу происутните беа и дел од пратениците на независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ.

Искра Коровешовска