Поголем дел од реките со помал водостој од јунскиот просек

Речиси тројно е намалено нивото на Сатеска река кај Ботун, а намалување на водостојот има и кај поголем дел од останатите реки во државата во однос на јунскиот просек, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Намалување на нивото е забележано и кај Црн Дрим и Крива Река, како и кај Лепенец, Вардар кај Велес, Треска, Бабуна, Брегалница и Струмица.

Во однос на јунскиот просек, зголемување на водостојот има кај Вардар кај Јегуновце, Скопје и кај Демир Капија, како и кај Пчиња и Црна Река.

Под просекот на јуни се и водостоите на природните езера во државата. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Дојранското Езеро е 10 сантиметри под дозволениот максимален водостој.